Утрински Весник
Свет

ЕУ свика итен состанок за ситуацијата во Белорусија

ЕУ свика итен состанок за ситуацијата во Белорусија

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел изјави дека ќе свика итен состанок на Советот в среда поради ситуацијата во Белорусија.

„Народот во Белорусија има право да одлучи за својата иднина и слободно да избере свој лидер“ напиша Мишел на Твитер.

Тој додаде дека насилството против демонстрантите е неприфатливо и дека не може да биде дозволено.

На министерскиот состанок на ЕУ во петокот дадено е зелено светло за санкционирање на репресијата во Белорусија по спорните претседателски избори на кои повторно победи претседателот Александар Лукашенко.

Во Белорусија се одржуваат дневни протести веќе цела недела. Вчера беше одржан еден од најголемите опозициски протести во Минск, како и помал собир на приврзаниците на Лукашенко.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме