Утрински Весник
Свет

ЕУ почнува да набавува опрема за деконтаминација во случај на нуклеарна опасност

ЕУ почнува да набавува опрема за деконтаминација во случај на нуклеарна опасност
Dik 300x250 mk

Европската Унија започна операција за складирање залихи за да ја зајакне својата одбрана од хемиски, нуклеарни и биолошки инциденти поради загриженоста за конфликтот во Украина, објавил Ројтерс, повикувајќи се на официјални записи и документи на ЕУ и извори запознаени со ситуацијата.

Медиумите пишуваат дека се очекува процесот да трае со недели, можеби и месеци и дека ќе ги прошири резервите на располагање на населението на ЕУ и партнерските земји, вклучително и Украина.

Залихите ќе вклучуваат опрема за деконтаминација, ракавици, маски и други материјали за хемиска, биолошка, радиолошка и нуклеарна одбрана, изјавиле за Ројтерс две лица запознаени со ова прашање.

Овој потег уследи откако ЕУ беше загрижена за нуклеарните инциденти во Украина, според документите објавени од Ројтерс.

„Нуклеарните локации се управувани од високо обучен и квалификуван персонал, што е тешко во сегашната конфликтна ситуација, особено кога тие се преземени од воени сили“, кажале претставници на ЕУ, пренесуваат медиумите.

Руските трупи ја презедоа нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Украина, во раната фаза на инвазијата.

Можете да прочитате

Украински дронови погодија руски нафтен терминал

Белата куќа објави детали од трговскиот договор меѓу САД и Кина

Нигерија ја прифати американската помош против бунтовниците