Утрински Весник
Свет

ЕУ подготвува тужба против „Астразенека“ поради кршење на договорот за испорака на вакцини

ЕУ подготвува тужба против „Астразенека“ поради кршење на договорот за испорака на вакцини

Европската комисија се подготвува да преземе правни активности против „Астразенека“, објави „Политико“, повикувајќи се на пет неименувани европски дипломати.

Вчера на состанокот на европските дипломати, повеќето европски земји потврдија дека ќе поддржат тужба против „Астразенека“ за кршење на договорот за испорака на вакцини до членките на ЕУ, наведува „Политико“.

Идејата зад тужбата е да се принуди „Астразенека“ да ги достави вакцините што ги вети во договорот со Европската Унија, објави „Политико“, повикувајќи се на дипломатски извори.

„Астразенека“ предизвика негодување во ЕУ во јануари кога соопшти дека нема да може да и го достави на Унијата бројот на дози за кои првично се обврза.

До крајот на првиот квартал, таа испорача 30 милиони дози во земјите на ЕУ, а не 100 милиони колку што беше договорено.

Тој недостаток се одрази врз кампањите за вакцинација низ цела ЕУ, пишува „Политико“.

Компанијата соопшти дека ќе испорача околу 70 милиони дози до крајот на вториот квартал, до кога требаше да бидат доставени сите 300 милиони дози според договорот со ЕУ.

Можете да прочитате

Данска одговори на објавата на Трамп дека испратил медицински брод на Гренланд: Нема потреба од здравствена помош од страна

Пукање пред имотот на Трамп во Флорида – напаѓач ликвидиран од Тајната служба

САД за прв пат транспортираа нуклеарен микрореактор од Калифорнија до Јута