Утрински Весник
Македонија

ЕУ: Очекуваме силен парламент и стабилна владина коалиција

ЕУ: Очекуваме силен парламент и стабилна владина коалиција
Dik 300x250 mk

Eвропската Унија им честита на граѓаните што го остварија своето гласачко право на предвремените парламентарни избори кои се одржаа пред два дена. Во  заедничката изјава  на еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји и шефот на дипломатијата на ЕУ, Џозеп Борел, се вели дека  очекуваат силен парламент и стабилна Влада.

„Со нетрпение очекуваме да работиме со силен парламент и стабилна владина коалиција која треба да ја исполни стратешката цел на земјата за интеграција во ЕУ и да ги исполни очекувањата на граѓаните. Ние сме подготвени да продолжиме заеднички да се бориме со пандемијата од ковид-19 и последиците. Очекуваме властите да продолжат да ги исполнуваат обврските на земјата на патот кон ЕУ, да го одржат и забрзаат реформскиот процес особено во владеењето на правото, борбата против организираниот криминал и корупцијата, како и понатаму да ги зајакнуваат добрососедските односи“, се вели во изјавата.

Според нив, ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на патот кон ЕУ и со нетрпение очекува да се случи првата меѓувладина конференција.

Во изјавата тие се повикуваат и на вчерашната оценката на ОБСЕ/ОДИХР за изборите, па нагласуваат дека тие генерално добро организирани и приспособени на ситуацијата со ковид-19. Кампањата велат, беше конкурентска и потсетуваат на наодите на набљудувачката мисија дека „правната стабилност“ била нарушена поради ревизиите на законската рамка и последователните владини уредби.

„ЕУ очекува политичките чинители, институциите и сите засегнати страни да продолжат да работат заедно и да ги спроведат тие препораки до следните избори“, велат Вархеји и Борел во изјавата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хаос кај кулите Џевахир: Пијан возач со голема брзина удри во контејнери и автомобили!

Министерство за здравство не знае колку лекари и медицински сестри фалат

Ако имаме покана нема да одбиеме, ДПА влегува во Влада?