Утрински Весник
Свет

ЕУ од полноќ им забранува на белоруските авиокомпании да летаат над Европа

ЕУ од полноќ им забранува на белоруските авиокомпании да летаат над Европа

Амбасадорите на ЕУ денеска усвоија план за забрана на белоруските авиокомпании да летаат над територијата на ЕУ или да слетуваат на аеродромите на Европската Унија, изјавиле тројца дипломати, пренесува Ројтерс.

Одлуката е дел од пакетот економски санкции започнат против Белорусија во врска со присилното слетување на авионот на „Рајанер“ со опозицискиот блогер.

Одлуката треба да стапи на сила на полноќ по средноевропско време.

ЕУ исто така им препорачува на авиокомпаниите на ЕУ да избегнуваат летање над Белорусија, но во тој случај тоа е препорака, а не одредба, велат надлежните.

Можете да прочитате

Џеј Ди Венс: Ќе објавиме досиеја за вонземјани, верувам дека тоа се демони

САД уништиле само една третина од ракетниот арсенал на Иран?

За денеска низ САД најавени масовни протести против Трамп