Утрински Весник
Свет

ЕУ не ја поддржува програмата за економско државјанство на Црна Гора

ЕУ не ја поддржува програмата за економско државјанство на Црна Гора
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Црногорскиот министер за економски развој,Јаков Милатовиќ, соопшти дека програмата за економско државјанство нема да биде продолжена. Причината за тоа е фактот што не е поддржана од Европската Унија.

„Оваа програма може да го забави процесот на пристапување на Црна Гора во Европската Унија“, рече Милатовиќ во парламентот, додавајќи дека неговото министерство нема список на лица на кои им е дадено економско државјанство, објави црногорскиот јавен сервис РТЦГ.

Претходно, пратеникот од Демократскиот фронт, Дејан Ѓуровиќ побара од владата да ги објави имињата на 67 граѓани кои добиле економско државјанство.

„Кои се почесните граѓани кои го добија пасошот и како го заслужија тоа?“, праша Ѓуровиќ на седницата на собранието.

Милатовиќ одговори дека работите за економско државјанство се во надлежност на Министерството за внатрешни работи и дека тој нема список со оние на кои им е доделен.

Можете да прочитате

Објавени снимки од моментот на избувнување на пожарот во Кран-Монтана

Русија вели дека им дала на САД доказ за украински напад врз резиденцијата на Путин

БФМ: Прскалки во шишиња можна причина за пожарот во швајцарското одморалиште