Утрински Весник
Свет

ЕУ нема да го санкционира Лукашенко поради ставот на Германија

ЕУ нема да го санкционира Лукашенко поради ставот на Германија
Dik 300x250 mk

Новоизбраниот белоруски претседател Александар Лукашенко нема да биде вклучен на списокот со санкции на ЕУ пред се поради ставот што го зазедоа Германија, Франција и Италија, пренесува германски „Ди Велт“ повикувајќи се на свои извори.

Берлин, Париз и Рим изјавија дека и покрај сите околности, каналите за поврзување со Лукашенко треба да останат отворени бидејќи, според нив, неговото санкционирање ќе доведе до целосен прекин на дијалогот со Минск. Балтичките држави и Полска беа главни иницијатори да се воведат ограничувачки мерки против белорускиот лидер.

Во средината на август стана познато дека во врска со протестните митинзи во Белорусија, ЕУ разгледува список од 15-20 белоруски функционери на кои ќе им биде забранет влез на територијата на ЕУ и пристап до европскиот банкарски систем.

Санкциите на ЕУ против Белорусија за кршење на човековите права беа на сила од 2004 до 2016 година, а со текот на времето се менуваше и црната листа, на која на моменти имаше дури 130 лица. Во септември 2008 година, ЕУ ги замрзна санкциите, но сепак ги обнови и дури и ги надгради по претседателските избори во републиката во 2010 година.

На неформалниот состанок во Берлин на 27-28 август, министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ донесоа одлука да се заврши постапката за санкции кон Белорусија што е можно побрзо.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Масовниот напад со нож во воз во Велика Британија е изолиран инцидент, тврди британскиот министер за одбрана Хили

Трамп ѝ се закани на Нигерија со воена акција ако убиствата на христијаните не престанат

Зеленски најави бесплатно патување со воз и фиксни цени на енергијата