Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

ЕУ за санкциите за Белорусија; Тихановскаја порача: Покажете храброст

Тихановскаја: Протестите во Белорусија никогаш не биле насочени против Русија
Img 7972

Министрите за надворешни работи на ЕУ разговараа во Брисел за можноста за воведување санкции врз десетици белоруски претставници, вклучувајќи го и претседателот Александар Лукашенко.

Кандидатот на опозицијата на спорните претседателски избори, Светлана Тихановскаја, ги повика шефовите на дипломатиите на ЕУ да покажат поголема храброст.

ЕУ состави список од околу 40 лица на кои може да им го замрзне имотот и да воведе забрана за патување поради нерегуларности на изборите на 9 август на кои Лукашенко го освои шестиот мандат, како и остриот одговор на властите на протестите што следуваа, а главно прашање е дали треба да се воведат санкции и за Лукашенко, пренесува АП.

За да се донесе одлука за санкции потребен е консензус на сите 27 членки на ЕУ.

Пред состанокот во Брисел, министрите за надворешни работи на ЕУ разговараа со Тихановскаја, која е во егзил во Литванија по бегството од Белорусија.

Таа изјави дека побарала од министрите да повикаат нови избори и дека ги повикала да не испраќаат финансиска помош на режимот затоа што таа ќе биде употребена за насилство, за убиство на белорускиот народ.

„Во оваа ситуација многу постигнавме сами, само со силата на белорускиот народ, но сега сфаќам дека ни треба помош однадвор“, рече Тихановскаја.

Таа додаде дека „санкциите се многу важни во нашата борба“, со цел да се изврши притисок врз владата.

„Разбирам дека некои земји се двоумат кога станува збор за воведување санкции, но ги замолив да бидат похрабри“, рече таа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари