Утрински Весник
Свет

ЕУ договори со „Фајзер“ уште 300 милиони дози на вакцината

ЕУ договори со „Фајзер“ уште 300 милиони дози на вакцината

Европската унија се договори со „Фајзер и БиоНТек“ да достави дополнителни 300 милиони дози од нивната вакцина против Ковид-19, изјави денеска портпарол на Европската комисија.

ЕУ обезбеди 300 милиони дози вакцини на „Фајзер“ во ноември минатата година и на 8 јануари објави прелиминарен договор за уште 300 милиони дози, што предвидува можност за дискутирање на условите за новиот договор.

„ Комисијата денес донесе нов договор“, рече портпаролот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Техеран најавува напредок во индиректните разговори со САД

Зеленски: 2.000 украински деца се вратени од руско заробеништво

Петмина млади загинаа во пожар во магацински простор на станбена зграда во Шпанија