Утрински Весник
Свет
Img 7972

ЕУ ги повика Белград и Приштина да ги намалат тензиите

ЕУ ги повика Белград и Приштина да ги намалат тензиите
Img 7972

Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, ги повика Белград и Приштина веднаш да ги намалат тензиите и да се воздржат од еднострани потези.

Тој додава дека специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, моментално е во Белград, каде што ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и дека Лајчак разговарал со политичките лидери во Косово за ситуацијата.

Одговарајќи на прашањето на „Танјуг“ за состојбата на административните премини меѓу северно Косово и централна Србија, Стано рече дека слободата на движење е еден од темелите на ЕУ и оти се очекува Белград и Приштина да ја промовираат таа слобода во регионот.

„Ги повикуваме двете страни да се воздржат од еднострана акција и да ги намалат тензиите, веднаш. Ги повикуваме и двете страни да ги разгледаат сите прашања преку дијалог во Брисел и да го користат дијалогот како платформа за решавање на сите отворени прашања што ги имаат едни со други, вклучувајќи ја и слободата на движење“, вели Стано.

Блиндирани возила и специјални сили од утрово се распоредени на два административни премина на северот на Косово.

Можете да прочитате

Тинејџер од Македонија повторно осомничен за терористички планови во Австрија

Трамп вели дека ќе се сретне со Путин во Унгарија за разговори за Украина по „многу продуктивниот“ телефонски разговор

Путин го предупредил Трамп за испраќањето ракети „Томахавк“ во Украина