Утрински Весник
Свет

ЕУ ги заостри мерките за влез

Границите на Унгарија остануваат затворени до крајот на октомври

Европската унија ги заостри ограничувачките мерки за влез во земјите на Унијата за патниците кои доаѓаат од земји кои не се членки.

Како што е наведено во одлуката на ЕУ, слободен влез ќе биде дозволен само од земји со многу малку случаи на коронавирус и скоро ниту еден случај од новите варијанти, односно соеви.

„Официјални претставници на ЕУ се состанаа во Брисел за новата мерка за патување од земји кои не се членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Велика Британија“, изјави дипломат на ЕУ за „Ројтерс“.

Според препораката за несуштинско патување, земјите од ЕУ се охрабруваат да дозволат неограничен пристап само под строги критериуми, како што е задолжителен карантин.

Ќе им биде дозволен влез на патници од земји што не надминуваат 25 случаи на Ковид-19 на 100.000 луѓе за 14 дена, што е пониска стапка на инфекција отколку во сите земји на ЕУ.

Договорот ги ​​опфаќа несуштинските патувања и служи како упатство за земјите од ЕУ, кои го имаат последниот збор за нивната гранична политика.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков