Утрински Весник
Свет

ЕУ воведува построги правила, го забранува извозот на вакцини

ЕУ воведува построги правила, го забранува извозот на вакцини

Европската унија воведува нови, построги правила заради огромните проблеми во испораката на вакцини.

Според овие правила, Европската комисија ќе забрани извоз во земји од кои не добива еднаква количина вакцини. Велика Британија може да биде прва на удар.

ЕУ исто така испрати порака до членките што извезуваат вакцини да преиспитаат дали извозот е оправдан.

Говорејќи на прес-конференција во Брисел, Валдис Домбровскис, извршен потпретседател на Европската комисија, рече дека сегашните упатства за извоз на вакцини се ажурирани за да ги вклучат принципите на реципроцитет и пропорционалност.

ЕУ вели дека испратила 10 милиони дози во Велика Британија, но не добила ништо за возврат.

„Додека нашите земји-членки се соочуваат со третиот бран на пандемијата и не сите производители ги исполнуваат своите договори, ЕУ е единствениот голем производител што го продолжува извозот на големо во десетици земји“, изјави шефицата на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.

„Но, отворен пристап треба да се одвива во двете насоки. Затоа Европската комисија ќе ги воведе принципите на реципроцитет и пропорционалност во постојниот механизам за одобрување на ЕУ”, рече Фон дер Лајен.

Можете да прочитате

Пакистан го прекина интернетот и мобилната телефонија

Маж во Индија се разбудил миг пред кремирањето

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година