Утрински Весник
Свет

ЕУ воведе санкции против блиски соработници на Путин поради Навални

ЕУ воведе санкции против блиски соработници на Путин поради Навални
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Европската унија донесе одлука за забрана за влез и замрзнување на имотот на четворица руски официјални лица одговорни за случајот со Алексеј Навални.

Санкционираните лица се блиски соработници на рускиот претседател Владимир Путин. Тоа се Александар Бастрикин, Игор Краснов, Виктор Золотов и Александар Калашников.

Краснов е главен обвинител на Русија, Золотов е шеф на руската национална гарда, Калашников е шеф на рускиот затворски систем, а Бастрикин е началник на Кривичниот комитет за истраги.

Оваа одлука претставува спроведување на договорот на министрите за надворешни работи на земјите-членки од 22 февруари.

Тогаш беше постигнат политички договор за воведување санкции за одговорните за затворањето и осудувањето на рускиот опозициски активист Алексеј Навални.

Навални беше уапсен и осуден во јануари, откако се врати во Русија од Германија, каде што се лекуваше од труење со „новичок“, што предизвика протести низ цела Русија, а властите одговорија со апсење на демонстрантите.

Ова е првпат ЕУ да ја спроведе новата рамка за санкции против прекршителите на човековите права, која беше воспоставена во декември минатата година, според американскиот закон Магники.

Оваа рамка овозможува да се санкционираат физички и правни лица за кршење на човековите права насекаде во светот.

Претходно и САД воведоа санкции за руски државјани и фирми, а одлуката е донесена во координација со Европската унија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Само три инспекции за 10 години: Сопственикот на барот во Кран-Монтана тврди дека ги исполнувал сите стандарди

Голем број на регистрирани возила во Норвешка лани биле целосно електрични

128 новинари и медиумски работници се убиени во светот минатата година