Утрински Весник
Економија

„Еуроникел“: „Фени“ не се затвора, ниту работниците ќе останат без работа, почнува планиран ремонт

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Нема отпуштања од работа ниту затворање на фабриката за преработка на руда, „Фени“ со која од 2018 година стопанисува „Еуроникел“, домашен претставник на швајцарскиот фонд „ГСОЛ“. На социјалните мрежи, но и во неколку медиуми, од синоќа се шират вести дека е сопрено производството, дека печките се ставени на неопходниот минимум, фабриката ќе се затвори поради продажба на Бугари, и работниците ќе останат на улица, а како една од причините се наведува поскапувањето на струјата. Од „Еуроникел“ за „А1он“ објаснуваат дека почнуваат планиран ремонт кој некој го искористил за ширење лаги за да наштети на фабриката и на вработените.

„ Лажни се наводите дека се затвора ‘Еуроникел’. Напротив, влегуваме во плански ремонт во периодот што следи со цел да се надмине временската рамка на диспаритет меѓу цената на електрична енергија која е огромна и цената на никелот која е во надолна линија. Сите вработени се на работа, ниту некој останува без работа, ниту пак фабриката се продава. Ваквите малициозни дезинформации имаат намера само да наштетат на фабриката, вработените, а со тоа и на домашната економија во која ‘Еуроникел’ има огромен удел и за жал не е прв пат да се соочуваме со вакви клевети“, велат од „Еуроникел“.

Швајцарскиот фонд „ГСОЛ“ ги презема сите долгови на фабриката „Фени“ која имаше активен стечај и од март 2018 година го рестартираше производството, а главната битка за преземање на „Фени“ ја водеше со бугарската компанија „Енекод“ која доби можност да ја преземе, но не ги уплати бараните средства и фабриката отиде во стечај.

Можете да прочитате

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари

Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра