Утрински Весник
Спорт

Ето му изрази поддршка на Роналдињо кој се наоѓа во парагвајски затвор

Ето му изрази поддршка на Роналдињо кој се наоѓа во парагвајски затвор
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Барселона, 23 март 2020 (МИА) – Камерунскиот напаѓач Самуел Ето го поддржа поранешниот соиграч во Барселона, Роналдињо, кој е во затвор во Парагвај.

– Не можам да опишам како се чувствувам. Не можам да замислам низ што минуваш. Само можам ментално да ти испратам енергија и да кажам дека многу те сакам. Се надевам дека сè ќе се реши брзо, затоа што ти си добра личност. Можеш да сметаш на мене, ќе направам се што ти треба, рече Ето во обраќањето до Роналдињо преку социјалните мрежи.

Бразилецот беше уапсен поради употреба на лажни документи, а пред два дена во затворот во Парагвај го прослави својот 40. роденден. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Десетта победа за ТФТ во првенството

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028

Фудбалските менаџери заработија рекордни пари во 2025