Утрински Весник
Спорт

ЕСПН ги рангираше најтешките спортови, гимнастиката е пред фудбалот

ЕСПН ги рангираше најтешките спортови, гимнастиката е пред фудбалот

Њујорк, 23 јуни 2020 (МИА) – Американскиот спортски телевизиски канал „ЕСПН“ состави рејтинг-листа на спортови врз основа на нивната сложеност. Десетте критериуми според кои е направено рангирањето се: издржливост, сила, енергија, брзина, агилност, флексибилност, нерви, координација на рака и око, како и аналитички способности.

Во Топ 5 најтешки спортови се: бокс, хокеј, американски фудбал, кошарка и борење.

– Идентификувавме 10 категории или вештини што се однесуваат на атлетизам, а потоа побаравме од осумте наши експерти да утврдат, на скала од 1 до 10, барањата за секој спорт за овие 10 вештини. Ги сумиравме и во просек ги добивме добиените одговори, при што добивме број што го карактеризира степенот на тежина кога зафаќате посебен вид.
се вели во публикацијата.

Понатаму во рангирањето се: боречки вештини, тенис, гимнастика, бејзбол и фудбал. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига