Утрински Весник
Спорт

ЕСПН: Бразил најголем фаворит за светската титула

Пред почетокот на Лигата на нации, која започна вчера, „ЕСПН“ на своите профили на социјалните мрежи објави графикон со 10-те најголеми фаворити за освојување на претстојниот Мундијал што ќе се игра во Катар.

Најголеми фаворити за светската титула се Бразил (9-2), потоа (со подеднакви шанси) Англија и Франција (11-2), следуваат Шпанија (8-1, Аргентина (9-1), Германија (11-1) и Белгија (13). Меѓу најголемите 10 фаворити има уште три европски репрезентации: Белгија (12-1), Португалија (12-1), Холандија (12-1) и Данска (28-1).

За потсетување, шампионатот ќе го отворат домаќинот Катар и Еквадор на 21.ноември од 14 часот по македонско време, а истиот ден ќе играат актуелните европски вицешампиони Англичаните за противник ќе го имаат Иран.

Франција одбраната на титулата ќе ја започне на 22.ноември против Перу, Австралија или Обединетите Арапски Емирати.

> ЕСПН: Бразил најголем фаворит за светската титула <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина