Утрински Весник
Македонија

ЕСМ: Јавната набавка е приоритет, дали Томовски е во должничко-доверителски односи со поранешниот директор Христијан Мицкоски?

ЕСМ ги раздвои елементите во логото за подигање на јавната свест за социјална дистанца

Скопје, 8 мај 2020

Во врска со денешните наводи на лица од партијата ВМРО ДПМНЕ, ја информираме јавноста дека предметната јавна набавка е една од најзначајните и најприоритетните за АД ЕСМ и истата ќе се спроведе во најбрз можен рок, веднаш штом се отстранат забелешките од Комисијата за жалби по јавни набавки.

Зачудува тоа што вработен во АД ЕСМ, поточно во фирмата-ќерка Елемтурс, работи против сопствената фирма и против колективот од каде добива личен доход.

Дали причината за ваквото однесување се должничко-доверителски односи меѓу вработениот Ивица Томовски и тогашниот директор на ЕЛЕМ, Христијан Мицковски?

АД Електрани на Северна Македонија

__________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Како пет тона дрога завршиле во Србија преку Македонија, прашуваат од СДСМ

10годишно девојче повредено од заталкан куршум во општина Сарај

Бујар Османи во работна посета на Вашингтон