Утрински Весник
Македонија

ЕСМ: Хотелот „Молика“ на Пелистер од денеска ќе биде државен карантин за 90 лица

ЕСМ: Хотелот „Молика“ на Пелистер од денеска ќе биде државен карантин за 90 лица
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 28 март 2020 (МИА) – АД ЕСМ соопшти дека нивниот хотел „Молика“ на Пелистер од денеска ќе биде државен карактин за 90 лица кои ќе се вратат назад во земјава од други земји.

Лицата се очекува во текот на денот да пристигнат на скопскиот аеродром и до вечерта да бидат организирано пренесени до хотелот.

– Транспортот и сместувањето ќе бидат извршени согласно протоколите на министерствата за надворешни работи, за внатрешни работи и за здравство, додека од страна на хотелот ќе бидат обезбедени сите услови за престој за периодот додека трае пропишаната изолација, велат од АД ЕСМ.

За овие потреби, од страна на АД ЕСМ на располагање се ставени и хотелите „Попова Шапка” и „Славија” на Попова Шапка, каде во текот на утрешниот ден се очекува да бидат сместат граѓани за кои беше обезбедено организирано враќање од странство. бак/бк/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство