Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ЕСМ-Енергетика: Нема прекин во испораката на топлинска енергија

ЕСМ-Енергетика: Нема прекин во испораката на топлинска енергија
300x250 opst2

Граѓаните кои се приклучени на системот на АД ЕСМ, подружица „Енергетика”, имаат парно греење. Од компанијата тврдат дека испораката на топлинска енергија е континуирана и се врши согласно мрежните правила.

„Од страна на Управниот одбор на АД ЕСМ, раководството на „Енергетика” и експертски тимови се следи состојбата со енергенсите на светско и домашно ниво, со оглед на вртоглавиот раст на цената на природниот гас, кој се користи како основен енергенс во производството на топлинска и електрична енергија во ‘Енергетика’ и истиот е навремено обезбеден“, велат од ЕСМ – Енергетика.

Преку овој систем за затоплување со парно греење се снабдуваат околу 3.500 домаќинства, 17 основни и средни училишта и детски градинки и 75 деловни субјекти во скопските населби Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром.

Дежурни екипи се на располагање 24 часа за време на грејната сезона, како и служба за корисници и пријава дефекти со контакт 02/3104 816 и 071/313-405, информираат од компанијата.

Можете да прочитате

Скопјанка истепана од поранешниот сопруг, кој веќе имал за забрана за приближување

Полицијата фати шверцери на цигари, лишени од слобода три лица за даночно затајување и недозволена трговија

Средба на министерот Муцунски со министерот за европски прашања и државно сопствеништво на Финска, Јоаким Странд