Утрински Весник
Свет

Ерусалим: Неколку илјади Евреи на погреб на рабин кој починал од коронавирус

Ерусалим: Неколку илјади Евреи на погреб на рабин кој починал од коронавирус

Неколку илјади ултраправославни Евреи се појавија на погребот на познат рабин во Ерусалим во неделата, кршејќи ги правилата за масовни собири за време на пандемијата на Ковид-19. Рабинот починал по неколкумесечна борба со коронавирусот.

Рабинот Мешулам Соловејчик, кој почина на 99-годишна возраст, беше испратен на вечно почивање, а погребниот автомобил во кој беше положено неговото тело се прошета низ улиците на Ерусалим, кога, според процените на полицијата, околу 10.000 луѓе се приклучиле на поворката, јавува АП.

Полицијата додаде дека напишале неколку десетици казни за кршење на ограничувачките мерки. Подоцна полициските службеници рекоа дека ако се обиделе да го спречат масовниот настан, ќе имало крвопролевање.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Напуштено бебе пронајдено пред манастир, отсечените раце на мајката пронајдени на автопат: Хорор во Германија

Шефот на Гугл предупредува: „Ниедна компанија нема да биде имуна“ ако пукне балонот со вештачката интелигенција

Американскиот Конгрес изгласа да бидат објавени досиејата на Епштајн