Утрински Весник
Свет

Еруптира вулкан во Индонезија

Еруптира вулкан во Индонезија

Вулканот Синабунг на индонезискиот остров Суматра исфрлал столб од пепел висок 5.000 метри, но никој не е повреден во ерупцијата, соопшти Центарот за вулканологија и ублажување на геолошкиот ризикот.

Неколку села во радиус од околу 20 километри од вулканот се прекриени со дебел слој од пепел.

На мештаните им било советувано да бидат оддалечени пет километри од кратерот и да бидат внимателни заради евентуално излевање на лава, пренесува АП.

Синабунг, еден од 120-те активни вулкани во Индонезија, не бил активен четири века, сè до ерупцијата во 2010 година во која загинале две лица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Француската амбасада повлекува дел од персоналот во Иран

Неименуван ирански функционер: Речиси 2.000 лица убиени во протестите во Иран

Украинските сили погодија фабрика за дронови во руската област Ростов