Утрински Весник
Свет

Ерменскиот претседател хоспитализиран поради коронавирус

Ерменскиот претседател хоспитализиран поради коронавирус

Здравствената состојба на претседателот на Ерменија, Армен Саркисјан, кој се зарази со коронавирус, се влоши.

Саркисјан бил пренесен во болница, каде што му билa дијагностицирана двострана пневмонија, соопшти неговиот кабинет.

Kaжано е дека станува збор за тешка форма на болеста. Саркисјан исто така има висока температура.

Претседателот на Ерменија е во Лондон од крајот на минатата година, каде што ја прослави Новата година со семејството, а потоа беше опериран.

Пред една недела му беше дијагностициран коронавирус.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп се закани дека ќе го употреби Законот за бунт поради протестите во Минесота

Деактивирани се пет милиони профили на малолетници на социјални мрежи во Австралија

Грција донираше воена опрема на Либан