Утрински Весник
Свет

Ерменија известува за континуирано гранатирање од страна на Азербејџан

Ерменија известува за континуирано гранатирање од страна на Азербејџан
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Азербејџанските вооружени сили утрово го обновиле гранатирањето на ерменските позиции на државната граница во правец на провинцијата Тавуш во Ерменија, објави Шушан Степанјан, портпарол на прес-службата на Министерството за одбрана на Ерменија, пренесува ТАСС.

„После два-три часовна пауза утрово противникот ги продолжи провокативните активности, продолжувајќи со гранатирање во правец на ерменските позиции. Ерменските вооружени сили дадоа соодветен одговор. Не е исклучено бројот на загубите кај противникот да се зголемат“, напиша таа на Фејсбук.

Претходно, Министерството за одбрана на Азербејџан извести дека тензиите на границата со Ерменија продолжиле во текот на ноќта кон 13 јули и еден азербејџански војник загинал.

„Ноќта кон 13 јули остана тензијата во насока на Товуз на државната граница меѓу Азербејџан и Ерменија. За време на ноќните судири, со употреба на артилерија, минофрлачи и тенкови, азербејџанските армиски единици ја уништија базната точка, артилериските гнезда, автомобилската опрема во воената база, како и персоналот“, изјави азербејџанското Министерство за одбрана на својата веб-страница.

Според Министерството за одбрана, во акција е убиен првиот потполковник на азербејџанската армија, Рашад Махмудов.

„Во моментов оперативната состојба е под контрола на азербејџанските трупи“, се вели во соопштението.

Министерството во неделата извести за обидите на ерменските вооружени сили да ги нападнат позициите на азербејџанската армија на насока на Товуз со употреба на артилерија и последователе судир. Според изјавата на Министерството, противникот претрпел загуби и се повлекол. Двајца војници од Азербејџан биле убиени во акцијата, а петмина се повредени. Подоцна, уште еден војник починал поради здобиените рани.

Конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан околу планинскиот регион Нагорно-Карабах (спорната територија што беше дел од Азербејџан пред распадот на Советскиот Сојуз, но е населена со мнозинство Ерменци), избувна во февруари 1988 година откако автономниот регион Нагорно-Карабах го објави своето повлекување од Азербејџанската Советска Република.

Во периодот 1992-1994 година, тензиите експлодираа во огромна воена акција за контрола врз енклавата и седумте соседни територии откако Азербејџан изгуби контрола над нив. Разговорите за Нагорно-Карабах се водат од 1992 година во форма на Групата Минск на ОБСЕ, предводена од нејзините тројца копретседатели – Русија, Франција и САД.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Нетанјаху понекогаш е тежок, се надевам дека втората фаза од мировниот план за Газа ќе стапи на сила многу брзо

Рускиот претседател потпиша указ за регрутација на 261.000 руски граѓани

Германија има недостиг од 120.000 возачи на камиони