Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Ерлинг Халанд е „Голден бој“

Ерлинг Халанд е „Голден бој“
Dik 300x250 mk

Норвежанецот Ерлинг Халанд (20) ја доби престижната награда „Голден бој“. Изборот за оваа награда го организира „Тутоспорт“, а му се доделува на најдобриот фудбалер до 21 година.

Ерлинг Халанд, во сезоната 2019/2020, постигнал 44 гола во сите натпреварувања за Салцбург и Борусија Дортмунд. Формата во која се наоѓа Халанд го привлече на големите европски клубови. Најчесто се поврзува со Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, меѓутоа неговиот татко неодамна изјави дека напаѓачот ќе остане во Дортмунд.

Најголеми конкуренти на Халанд за оваа награда му беа соиграчот од Дортмунд Џејдон Санчо, Канаѓанецот од Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, напаѓачот на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд и 18-годипникот од Барселона, Ансу Фати.

Минатата година наградата ја доби Жоао Феликс од Атлетико Мадрид.

> Ерлинг Халанд е „Голден бој“ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ФИФА му одговори на Трамп за евентуално одземање на правото на Бостон да биде домаќин на СП 2026

Англија ја победи Летонија и обезбеди учество на СП 2026

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!