Утрински Весник
Спорт

Ериксен со гол се врати во репрезентацијата на Данска

Ериксен со гол се врати во репрезентацијата на Данска

Кристијан Ериксен имаше кам-бек од сништата во дресот на националниот тим. Ериксен, прв пат по Европското првенство, односно по 282 дена, настапи за Данска.

Данска, на „Јохан Кројф арена“, одигра пријателски натпревар со Холандија.

Фудбалерот на Брентфорд, доби шанса од својот селектор на почетокот на второто полувреме. Му беа потребни само две минути да постигне гол.

Во моментот, кога топката по ударот на Ериксен заврши во голот на Флекен, сите на стадионот започнаа да го слават голот.

> Ериксен со гол се врати во репрезентацијата на Данска <

Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал