Утрински Весник
Спорт

Ерера: Кавани сака да игра во Шпанија

Многу клубови го сакаат Кавани, потврди неговата мајка
Dik 300x250 mk

Мадрид, 7 јуни 2020 (МИА) – Фудбалерот на пари Сен-Жермен, Андер Ерера изјави дека неговиот соиграч, напаѓачот Единсон Кавани планира да се пресели во тим од шпанското првенство.

– Знам дека Кавани сака да игра во Ла лига. Му се допаѓа овој шампионат, Единсон често ме прашуваше за животот во Шпанија. Сепак, ние не разговаравме за оваа тема долго време, вели Ерера во изјава за „Марка“.

Претходно во медиумите се појавија информации за евентуален трансфер на Кавани во Атлетико.

Договорот на 33-годишниот Уругваец со ПСЖ важи до крајот на јуни 2020 година. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја