Утрински Весник
Свет

Ердоган: Турција ќе лансира ракета на Месечината до 2023 година

Ердоган: Турција ќе лансира ракета на Месечината до 2023 година

Турција планира да лансира ракета кон Месечината до 2023 година, објави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, презентирајќи ја националната вселенска програма.

Слетувањето на Месечината, како што објасни, треба да се изврши до крајот на 2023 година, кога земјата ќе слави 100 години од основањето на Републиката, пренесува ТАС.

„Верувам дека турските инженери ќе ја завршат таа мисија“, рече Ердоган.

Тој, исто така, рече дека Турција сака да изгради космодром со меѓународно учество со цел да добие пристап до вселената.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мексиканците ќе бидат првите кои сами ќе избираат судии – повеќе од 34.000 кандидати за 881 судија

Пекинг со тврдење дека ниту САД ниту Кина нема да имаат корист од трговска војна

Русија ги брише талибанците од листата на терористи