Утрински Весник
Свет

Ердоган: Турција нема да се покори на заканите во спорот со Грција и Кипар

Ердоган: Турција нема да се покори на заканите во спорот со Грција и Кипар

Турција нема да се покори на заканите во спорот со Грција и Кипар околу поморските права во источниот дел на Медитеранот, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тој исто така рече дека Турција сака преговори околу спротивставените тврдења за континенталниот појас и правото на потенцијални енергетски ресурси, објави „Ројтерс“.

„Кога станува збор за прашањето за Источен Медитеран, нашата земја никогаш не се залага за тензии, туку за мир, соработка, правда и спроведување на правдата. Патот до ова е преку преговори засновани на меѓусебно почитување”, рече Ердоган, повторувајќи го повикот за одржување конференција на која би биле вклучени сите актери во регионот.

Сепак, Турција нема да дозволи „пиратскиот менталитет“ што го покажуваат другите земји да ја ограничи на тесен крајбрежен појас.

„Нема да се поклониме на заканите и уцените … Нема да дозволиме империјалистички експанзионизам“, посочи тој.

Лидерите на Европската Унија треба да проценат дали има основа за воведување санкции против Турција.

Тие ќе одлучат в четврток дали ќе ја исполнат заканата да воведат санкции откако Турција го испрати својот истражувачки брод во водите на кои полага право Грција.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години

Хамас вели дека се „подготвени“ за примирје во Газа по прекинот на огнот во Либан

Над седум милиони Американци ќе можат да добијат бесплатни лекови за прекумерна тежина