Утрински Весник
Свет

Ердоган со итни мерки поради големиот број заразени со Ковид-19

Ердоган порача дека Турција нема да се откаже од истражувањата во Средоземното море
Dik 300x250 mk

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган подготвува нови мерки откако бројот на заразени со коронавирус во Турција се искачи на 1.502 случаи за еден ден, што е најмногу од средината на јуни.

Министерот за здравство Фахретин Коца напиша на Твитер дека починале уште 24 лица, со што вкупниот број досега изнесува 6.163 смртни случаи.

Ердоган најави дека државните институции сега ќе можат да применат флексибилни услови за работа, како што е работа од дома. Ова е објавено во претседателскиот декрет, во кој се вели дека се преземаат чекори за запирање на епидемијата во земјата.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се забранети одредени собири, прослави, свадби и веридби. Во 14 провинции, свадбите ќе можат да траат само еден час, со забрана за танцување и други видови забава.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хакерски напади врз белгиските телекоми „Проксимус“ и „Скарлет“ 

Германија го забрани муслиманското здружение Интерактив, се вршат рации и заплена на средства

Поранешниот еврокомесар Дидие Рејндерс официјално осомничен за перење пари