Утрински Весник
Свет

Ердоган предлага нов владејачки модел за Ерусалим

Ердоган предлага нов владејачки модел за Ерусалим

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера предложи формирање комисија со еврејски, муслимански и христијански претставници, која би управувала со Ерусалим, пренесуваат агенциите.

Ердоган исто така ги повика ОН, Советот за безбедност на ОН, Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) и другите меѓународни тела да се обединат против угнетувањето на цивилите во Палестина.

„Во овој момент веруваме дека има потреба од посебен аранжман во Ерусалим. За да се постигне траен мир и спокој во Ерусалим, кој содржи неизоставни религиозни симболи на муслимани, Евреи и на христијани, секој мора да направи жртви“, рече Ердоган.

„Во сегашните околности најправилно и најконзистентно би било со Ерусалим да раководи комисија од претставници од трите религии. Во спротивно, нема да биде лесно и можно да се постигне траен мир во овој древен град“, додаде тој.

Турција, продолжи тој, ќе даде политички и воен придонес во меѓународните напори за ослободување на Ерусалим и за заштита на палестинскиот народ. Од таму во неделата предложија и формирање „меѓународен механизам за заштита за народот на окупираната Палестина“.

Можете да прочитате

Велика Британија го повлекува персоналот од Амбасадата во Иран

УНХЦР се подготвува за голем бран бегалци од Иран

Генерален штрајк во Италија, големи прекини во сообраќајот