Утрински Весник
Свет

Ердоган отвори голема џамија во центарот на Истанбул

Ердоган отвори голема џамија во центарот на Истанбул
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган отвори голема џамија на истанбулскиот плоштад Таксим во центарот на градот, со што ја исполни својата повеќедецениска цел.

Џамијата на Таксим е висока 30 метри, а Ердоган им мавташе на насобраните на плоштадот пред да влезе во неа да се моли, објави „Ројтерс“.

Изградбата на џамијата започна во февруари 2017 година, а проектот го иницираа Ердоган и неговата АК партија, која според „Ројтерс“ е насочена кон исламот.

Официјални лица објавија видео на „Твитер“, на кое се гледа Ердоган од 1994 година, кога станал градоначалник на Истанбул, како покажува од неговата канцеларија на местото каде што ќе гради џамија.

Џамијата со две минариња ќе може да прими до 4.000 верници, а во рамките на комплексот има и изложбен салон, библиотека, паркинг и кујна.

Можете да прочитате

Рим размислува за влезница од две евра за Фонтаната Треви

Мелони: Најголемиот непријател на ЕУ е сопствената неодлучност

СЗО: Новиот сој на грип го оптоварува здравството во Европа