Утрински Весник
Свет

Ердоган не ги признава европските пресуди за Кавала и Демирташ

Ердоган не ги признава европските пресуди за Кавала и Демирташ

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека не ги признава европските пресуди со кои се бара ослободување на филантропот Осман Кавала и курдскиот политичар Селахатин Демирташ и дека Анкара ќе ги почитува пресудите на турскиот суд за нив, јави денеска НТВ.

Говорејќи пред новинарите, Ердоган рече дека европските пресуди и за Кавала и за Демирташ се „ништовни“ за Турција, пренесува Ројтерс.

Минатата недела, Советот на Европа рече дека ќе ја информира Турција за нејзината намера да покрене прекршочна постапка против Анкара, поради одбивањето да го ослободи Кавала.

Исходот од постапката може, според Ројтерс, да доведе до исклучување на Турција од Европскиот суд за човекови права.

Советот на Европа ја повика и Турција да го ослободи Демирташ.

Можете да прочитате

Трамп нареди антимигрантска акција во Њу Орлеанс

Само во ноември во руско-украинската војна загинаа најмалку 249 цивили

Русија и Кина со „широк консензус“ за Украина и Јапонија