Утрински Весник
Свет

Ердоган: Нема да им попуштам на пиратите

Ердоган: Ќе разговарам со Меркел, нема да дозволиме ниедна земја да ги крши нашите права

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган активностите на земјите кои се против Турција и Средоземјето ги оцени како пиратски.

Во тоа подрачје едностраните турски истражувања за наоѓалишта на нафта и гас предизвикаа силни тензии.

„ Ако и` попуштиме на пиратеријата по ова прашање, каде целосно сме во право, нема да можеме да одговориме на идните генерации“ изјавил Ердоган.

„ Не можеме да им ја оставиме на нашите деца земјата неспособна да ги брани сопствените интереси, без верба во себе“ додал Ердоган.

Овие изјави следат во екот на тензиите во источното Средоземје. Анкара предизвика бес кај Грција распоредувајќи брод за истражување на нафта во зоната на која Атина полага права.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Поранешниот принц Ендру ослободен од притвор

Трамп најави милијарди долари помош за Газа на првиот состанок на Одборот за мир

Амбасадорот на Кина во Србија: Мешањето на некои земји во кинеско-српската соработка е политика на блокови