Утрински Весник
Свет

Ердоган најави олеснување на ограничувањата во Турција

Ердоган најави олеснување на ограничувањата во Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави олеснување на ограничувањата воведени за да се спречи ширењето на коронавирусот во неколку провинции кои се категоризираат како провинции со ниско или средно ниво на зараза.

Ердоган вчера рече дека кафулињата и рестораните ќе можат повторно да работат со половина капацитет помеѓу 7:00 и 19:30 часот, освен оние лоцирани во 17 региони кои се категоризираат како многу ризични, објави АП.

Полицискиот час во текот на работните денови ќе продолжи да важи низ цела Турција, како дел од владината програма за контролирана нормализација, рече тој.

Училиштата повторно ќе се отворат во региони со низок и среден ризик, рече Ердоган. Во другите региони, само учениците кои се подготвуваат за приемни испити во средните училишта или универзитети, повторно ќе седнат во училишните клупи.

Турција во последните денови забележа највисоко ниво на зараза од средината на јануари.

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот во Турција се регистрирани повеќе од 2,7 милиони случаи на Ковид-19 и околу 28.500 смртни случаи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата