Утрински Весник
Свет

Ердоган: Нападот на Русија врз Украина е тежок удар за мирот и стабилноста во регионот

Ердоган: Нападот на Русија врз Украина е тежок удар за мирот и стабилноста во регионот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, по повод руската воена интервенција во Украина, изјави дека овој чекор претставува тежок удар врз мирот, просперитетот и стабилноста во регионот.

Според „Анадолија“, Ердоган денеска претседаваше со состанокот на Советот за безбедност во претседателската палата во Анкара, на кој главна тема беше руската воена операција во Украина, која беше почната утрово со одлука на рускиот претседател Владимир Путин.

Турскиот претседател рече дека разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски и дека ја допреле најновата ситуација по рускиот напад на Украина.

Можете да прочитате

Околу 3.000 згради во Киев сè уште без греење по руските воздушни напади

Откриени првите детали од договорот: Еве што би можеле да добијат САД на Гренланд

Путин: Тоа што се случува со Гренланд воопшто не нè засега