Утрински Весник
Свет

Ердоган и Путин разговараа за случувањата во источниот Медитеран и во Либија

Ердоган и Путин разговараа за случувањата во источниот Медитеран и во Либија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Руската Федерација Владимир Путин разговараа по телефон за турско-руските односи во неколку области.

Според агенцијата ТАСС, Ердоган и Путин, меѓу другото, разговарале за соработката во областа на туризмот, енергетиката и транспортот, како и во борбата против пандемијата на коронавирус.

Дел од разговорите биле посветени на развојот на настаните во источниот Медитеран и во Либија, а двајцата соговорници ја истакнале потребата од водење дијалог  за тие прашања.

Ердоган и Путин се согласија да ги продолжат контактите преку воените и дипломатските канали во врска со ситуацијата во Сирија, наведува ТАСС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Ако мојата ќерка забремени од силување, треба да го роди детето“ – скандалозен став на починатиот Чарли Кирк по однос на прашањето за абортус

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

Трамп постхумно ќе го одликува Кирк со Претседателски медал на слободата