Утрински Весник
Свет

Ердоган: Изјавата која Бајден ја даде за Путин не му доликува на претседател

Ердоган: Изјавата која Бајден ја даде за Путин не му доликува на претседател
Dik 300x250 mk

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вели дека изјавата на Џо Бајден во која американскиот претседател кажа дека смета оти рускиот лидер Владимир Путин е убиец, е неприфатлива.

Според него, тоа не му доликува на еден претседател на САД.

„Изјавата на господинот Бајден за господинот Путин не доликува на претседател. Претседател кој во јавност користи такви забелешки за претседател на земја каква што е Русија, тоа е навистина нешто што не може да се прифати“, рече Ердоган, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Според турскиот претседател, Путин постапил правилно, со тоа што возвратил на елегантен начин.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим