Турското Министерство за надворешни работи реагираше на отворањето на косовската амбасада во Ерусалим, со оценка дека „одлуката е за жалење“, пренесуваат косовските медиуми.
Министерството за надворешни работи на Турција објави дека остро го осудува отворањето на амбасадата и ги повика косовските лидери да се откажат од овој, како што е наведено, „неодговорен и незаконски чекор“.
Според известувањето од турското министерство за надворешни работи, турскиот претседaтел Реџеп Таип Ердоган смета дека лидерите на Косово постапиле спротивно на утврдените параметри на мировниот процес, вклучително и релевантните резолуции на ООН за статусот на Ерусалим и ја оштетиле визијата за решение на две држави и надеж за мир во регионот, пренесуваат медиумите во регионот.
„Одлуката беше донесена од водачите на луѓето кои се соочија со големи страдања за независност, игнорирајќи ја маката на Палестинците, кои со децении живеат во окупација и претрпеа сериозни повреди на нивните права. Тоа е крајно жално“, кажал Ердоган.
Косово вчера ја отвори својата амбасада во Ерусалим, како резултат на договорот од Вашингтон, потпишан на 4 септември 2020 година во Белата куќа.