Утрински Весник
Свет

Ердоган: Грција ги крши правата на турското малцинство во Тракија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја критикуваше Грција за наводно кршење на Лозанскиот договор со кршење на правата на Турците во грчкиот регион Тракија.

dobivaj vesti na viber

Ердоган во изјавата по повод 99-годишнината од Договорот од Лозана ја обвини Атина дека ги прекршила одредбите од договорот за правата на турското малцинство. Муслиманите сочинуваат 32 отсто од населението на Тракија, меѓу кои мнозинство се етнички Турци, Роми и Помаци, кои зборуваат бугарски јазик.

„Условите кои се дел од договорот, особено правата на турското малцинство, се игнорираат или намерно се враќаат назад. Невозможно е нашата земја да прифати таква ситуација, која е во спротивност со нашите добрососедски односи и придржување до договорот“, рече Ердоган.

Договорот од Лозана, потпишан во 1923 година од новоформираната Република Турција и сојузниците по Првата светска војна, ги регулираше правата на преостанатите муслимански малцинства во Грција и на христијаните во Турција, по остри конфликти меѓу двете земји и размена на население.

Договорот го регулира и владеењето на Грција над островите во Егејското Море во близина на турскиот брег.

Анкара неодамна се пожали дека Грција го прекршува Договорот од Лозана со милитаризирање на тие острови. Грција одговори дека постапува во согласност со меѓународното право и ја брани територијата под постојана турска закана.

Минатиот месец Ердоган се повлече од разговорите на високо ниво со Атина,пренесе Н1.рс.

Можете да прочитате

Исклучена струјата и водата во регионот Запорожје кој е окупиран од Русија

Берлин сака да ја зајакне цивилната одбрана, ги повикува Германците да се подготват за криза

Петмина повредени на шестата трка со бикови во Памплона