Утрински Весник
Свет

Ердоган – Бајден: Поддршка за владата и за народот на Украина

Ердоган – Бајден: Поддршка за владата и за народот на Украина

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган продолжува со обидите да се позиционира како посредник меѓу рускиот претседател Владимир Путин и Западот. Тој денеска телефонски разговарал со американскиот претседател Џо Бајден, пишува „Си-ен-ен“.

„Тие разговараа за заедничката загриженост поради неиспровоцираната и неоправдана инвазија на Русија на Украина“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Се наведува дека соговорниците ја потврдиле својата силна поддршка за владата и народот на Украина, ја истакнале потребата од итен прекин на руската агресија и го поздравиле координираниот меѓународен одговор на кризата.

„Претседателот Бајден изрази благодарност за напорите на Турција да го поддржи дипломатското решение на конфликтот, како и недамнешните ангажмани на Турција со регионалните лидери за да помогнат во промовирањето на мирот и стабилноста“, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Фон дер Лајен повикува на договор за војната во Иран

По вчерашниот пад, денеска нов скок на цените на нафтата

Жесток ирански напад врз Тел Авив