Утрински Весник
Свет
Img 7972

Епл ќе ја блокира социјалната мрежа „Парлер“ поради поттикнување насилство

Епл ќе ја блокира социјалната мрежа „Парлер“ поради поттикнување насилство
Img 7972

Епл се закани дека ќе ја отстрани социјалната мрежа „Парлер“ од Епл стор доколку наскоро не ја промени својата политика за ублажување на содржината. Парлер е социјална мрежа на која многумина кои го поддржуваат американскиот претседател Доналд Трамп се префрлија откако нивните профили на други социјални мрежи, како што е Твитер, беа суспендирани како дел од политиките за ублажување на содржината.

Во писмо испратено до „Парлер“ од страна на тимот за преглед на Епл стор се наведуваат примери во кои социјалната мрежа била искористена за планирање на заминувањето на демонстрантите кон Вашингтон со оружје по упадот во зградата на американскиот Конгрес.

„Се чини дека мрежата Парлер продолжува да се користи за планирање и организирање на понатамошни незаконски и опасни активности. Социјалните мрежи не смеат да се користат за координирање на бунт и насилство”, се наведува во писмото.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кремљ бара јасност од САД за можноста за испорака на ракети „Томахавк“ во Украина

Експлозии во близина на канцеларијата на францускиот премиер во Париз

Синоптичарите алармираат: Европа пред најстудената зима во последните години