Утрински Весник
Свет

Епископот бачки Иринеј заразен со коронавирус

Епископот бачки Иринеј заразен со коронавирус

Бачкиот епископот Иринеј е позитивен на коронавирус, објавија српските медиуми. Владиката Иринеј е во епархискиот двор во Нови Сад и според првите анализи и снимки нема пневмонија, но има треска. Тој е под надзор на лекарите и прима терапија.

Вчера, владиката Иринеј не присуствуваше на интронизацијата на новиот српски патријарх Порфириј во Соборната црква во Белград.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Орбан: Украинците ми се закануваат мене, на моите деца и внуци

Со ракета погодена италијанска база во Ирак

Трамп тврди дека САД го победиле Иран: „Онеспособивме 58 воени бродови“