Утрински Весник
Свет

Епидемијата во Британија не се смирува, Џонсон најавува масовни тестирања

(Видео) Новите британски тестови за коронавирус даваат резултати за 90 минути

Според официјалните податоци на британската влада, во последните 24 часа во Велика Британија се регистрирани 2.659 нови случаи на Ковид-19.

Тоа е скоро 200 заразени повеќе од претходниот ден, но затоа има помал број на смртни случаи – денес осуммина, за разлика од вчера кога имаше дури 32.

Официјалните податоци покажуваат зголемување на бројот на нови инфекции во последните неколку дена, но Велика Британија неодамна значително го зголеми капацитетот за тестирање, пренесува „Ројтерс“.

Британскиот премиер Борис Џонсон вети дека ќе воведе масовно тестирање за граѓаните во Велика Британија со цел да им се овозможи на луѓето да водат понормален живот до следната пролет.

Џонсон на прес-конференцијата изјави дека сака побрзо и полесно тестирање низ цела Велика Британија, што, како што процени, ќе овозможи повторно отворање на киносалите и театрите, објави „Ројтерс“.

„Ние работиме и ќе работиме континуирано додека не ја постигнеме целта. Се надеваме дека до следната пролет, новата шема ќе биде спроведена низ целата земја”, рече британскиот премиер.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Нови Сад почна протест под мотото „Што значи победа?“ на кој повикаа студентите во блокада

Еквадор со  дополнителни 10.000 војници ќе се бори против наркокартелите

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд