Утрински Весник
Спорт

Ен Несири го реши „Дерби Севилјано“

Ен Несири го реши „Дерби Севилјано“

Севилја го победи Бетис, во градското дерби, со 1:0.

Дерби Севилјано го реши најдобриот стрелец на Севилја, Јусуф Ен Несири во 27.минута. Напаѓачот на ја искористи асистенцијата на капитенот Хесус Навас.

До крајот на мечот двата тима играа во добар ритам, пропуштија неколку добри шанси, а Севилја во последните десет минути успеа да се одбрани од силниот притисок на противникот.

Севилја ја прекина мини-серијата од два порази (Барселона, Елче) во Ла Лига, остана на четвртото место со 51 бод. Бетис се на шестото место со 42 бода.

> Ен Несири го реши „Дерби Севилјано“ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Данска противник на македонската репрезентација во полуфиналето на плејофот за СП 2026

Во Цирих ќе бидат извлечени двојките за плејофот за СП 2026

Почнува кампања против дискриминација во фудбалот