Утрински Весник
Свет

Ентони Блинкен ја откажа средбата со Сергеј Лавров

Ентони Блинкен ја откажа средбата со Сергеј Лавров
Dik 300x250 mk

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен објави дека ја откажал средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, закажана за четврток.

Блинкен на заедничката прес-конференција со неговиот украински колега Дмитрий Кулеба во Вашингтон објасни дека се согласил да се сретне со Лавров минатата недела за да разговараат за безбедносните прашања во Европа, „но само доколку Русија не ја нападне Украина“.

„Сега кога гледаме како започнува инвазијата и кога Русија јасно стави до знаење дека целосно ја отфрла дипломатијата, таа средба нема смисла“, рече Блинкен, пренесува Си-Ен-Ен.

Можете да прочитате

Трамп вели дека ниту еден американски претставник нема да патува на самитот Г20 во Јужна Африка

Почина нобеловецот Вотсон – еден од научниците што ја откри структурата на ДНК

ОН: Нападите на еврејските доселеници против Палестинците на Западниот Брег во октомври достигнаа рекорден број