Утрински Весник
Магазин

Ем-ти-ви филмски и ТВ-награди: Џенифер Лопез не можеше да ги задржи солзите

Џенифер Лопез беше емотивна кога прими специјална статуетка на доделувањето на наградите на Ем-ти-ви за филм и телевизија (MTV Movie & TV Awards) во неделата.

На славната пејачка и актерка ѝ беше врачена наградата „Џенерејшн аворд“ за нејзините постигнувања во филмската индустрија.

На свеченоста што се одржа во Санта Моника ѕвездата се појави во црн фустан со длабоко деколте, креација на брендот Mônot.

По прифаќањето на укажаната чест, Лопез одржа говор и не можеше да ги задржи солзите. Таа ги поздрави своите поддржувачи, како и оние што ја дискредитирале во текот на нејзината кариера, притоа испорачувајќи долга листа луѓе на кои им изрази благодарност“.

„Сакам да им се заблагодарам на луѓето што ме поддржуваа и на оние што ми го скршија срцето. Оние што беа искрени и оние што ме лажеа“.

„И на моите деца, кои ме научија да сакам“.

„Сакам да им се заблагодарам на сите луѓе што ми велеа, в лице или зад грб, дека нема да успеам. Навистина мислам дека немаше да успеам без вас. И знам дека немаше да го направам ова без фановите, кои ги гледаат филмовите. Вие сте причината поради која сум тука. Ве сакам“, рече Лопез во својот говор.

Таа на крајот од говорот му се обрати на својот свршеник Бен Афлек велејќи: „Бен и сите дома, чекајте ме да вечераме. До 7 часот ќе сум дома!“

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста