Утрински Весник
Свет

Емиратите нагло ја намалиja поддршката за палестинските бегалци

Емиратите нагло ја намалиja поддршката за палестинските бегалци

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) нагло го намалија финансирањето на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) во 2020 година, пренесува „Мидл Ист монитор“.

Портпаролот на меѓународното тело, Сами Мешаша, рече дека ОАЕ донирале 51,8 милиони долари на УНРВА во 2018 година и повторно во 2019 година, но во 2020 година ѝ дале на агенцијата само милион долари.

Намалувањето на финансирањето од ОАЕ прво беше објавено од израелските медиуми. Ова намалување се случи истата година кога оваа заливска земја со посредство на САД потпиша договор за нормализација на односите со Израел.

„Навистина се надеваме дека во 2021 година тие ќе се вратат на нивото од претходните години“, рече портпаролот на УНРВА.

Претставници на Емиратите не одговориле на барањето за коментар.

УНРВА обезбедува образование, здравствена заштита и други витални услуги на околу 5,7 милиони регистрирани палестински бегалци на Блискиот Исток. Овие бегалци се потомци на повеќе од  700.000 Палестинци кои биле принудени да ги напуштат своите домови, села и градови во 1948 година кога бил создаден Израел.

Откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп стапи на должност во 2017 година, САД ја намалија хуманитарната и економската помош за Палестинците. Како резултат, палестинските власти и групите за поддршка, како што е УНРВА, претрпеа сериозни финансиски кризи.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков

Обилни снежни врнежи во Турција: Затворени училишта и спасени стотици граѓани