Утрински Весник
Спорт

Емерсон Ројал спасувал глава во обид за вооружен грабеж во Бразил

Дефанзивецот на Тотенхем, Емерсон Ројал бил мета на обид за вооруѓжен грабеж, кој прераснал во престрелка во која била испалени 30-тина куршуми.

Според весникот „О Либерал“, Емерсон Ројал си заминал од ноќен клуб во неговиот роден град Сао Пауло околу 3 часот наутро, кога за среќа налетал со полицаец кој не бил на служба и побарал селфи со него, пред друг човек да дојде и да впери оружје во него. Полицаецот реагирал и пукал кон крадецот, кој бил погоден во грбот и однесен во локалната болница. Емерсон бил на забава со неговото семејство кога се случил инцидентот.

Бразилецот пристигна во Тотенхем на последниот ден од минатогодишниот преоден рок од Барселона, потпишувајќи петгодишен договор со премиерлигашкиот клуб.

> Емерсон Ројал спасувал глава во обид за вооружен грабеж во Бразил <

Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал