Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Емери: Јувентус се фаворити, но ќе ги победиме

Емери: Јувентус се фаворити, но ќе ги победиме
Img 7972

Тренерот на Вилјареал, Унаи Емери признава дека Јувентус се фаворити во утрешната пресметка од Лигата на шампионите, но сигурен е дека неговиот тим може да стигне до победа.

Вилјареал ќе го пречекаат Јуве на „Керамика“ во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите како актуелни шампиони од Лига Европа, откако лани го совладаа Манчестер јунајтед во финалето, и Емери вели дека има респект кон Јуве, но дека ќе одат на победа.

„Јувентус секогаш бараат респект поради историјата на клубот. Тие се еден од најдобрите италијански клубови, со огромно искуство во Лигата на шампионите, и со неверојатни индивидуални фудбалери. Влаховиќ постигна 17 гола со Фиорентина и е на највисокото ниво. Тој е млад, гладен за победи и мора да го предизвикаме. Тие се фаворити, но ние нема да се предадеме, способни сме да победиме тимови од највисок ранг и ќе го направиме пак тоа утре. Ќе направиме се за победа“, вели Емери.

Тој исто така се осврна на новите правила во нокаут фазата, односно тоа што правилото „гол-во-гости“ повеќе не важи.

„Тоа не дава предност на ниту еден клуб, туку е нешто вообичаено. Претходно, голот во гости беше драгоцен, сега веќе не е. Што треба да направиме? Едноставно, да победиме“, додава Емери.

> Емери: Јувентус се фаворити, но ќе ги победиме <

Можете да прочитате

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН

На Матка ќе се одржат две кола од Светскиот куп во кајак на диви води

Распродадени билетите за македонските фанови за дуелот со Белгија во Гент